Ги повикувам уште еднаш сите кандидати за претседател на СДСМ да ми се придружат на јавна дебата на која ќе ги презентираме нашите идеи и конкретни реформи. Овој повик доаѓа како одговор на бројните барања од луѓето од цела Македонија со кои се среќавам и зголемениот интерес од медиумите,oбјави Јован Деспотовски.

Нема од што да бегаме, а само преку отворен и транспарентен пристап можеме на луѓето да им дадеме можност да бираат идеи и концепти, а не однапред сервирани решенија.

-Охрабрувачки е да се види дека моите колеги активно ги промовираат клучните точки од мојата реформска програма, особено реформата со која се воведува директен избор на клучните луѓе на партиски позиции преку непосредни избори што го промовирав уште пред три години. Силата е во членството. Нема сервирање “готови кадри“ туку членството ќе бира кој ќе ги претставува. Ова е единствениот начин како градоначалникот и пратеникот да бидат одговорни кон луѓето а не кон лидерот.

Но, повикот на Деспотовски беше одбиен.

Изборот за лидер на сдсм не треба да го правиме реалити шоу, изјави Славјанка Петровска, една од кандидатите за претседател на партијата.

– Претседател на СДСМ е премногу сериозна и премногу одговорна позиција за да се сведе на секојдневно лиферување соопштенија и скапо платена пр агенција. Ги повикувам кандидатите и членовите на СДСМ во име на социјалдемократијата да ја заштитиме партијата и изборот за Претседател на СДСМ да не го претвориме во реалити шоу, додаде Славјанка Петровска.

Дека не се јавно соочување на Деспотовски му порачаа и Бајдевски и Филипче, но тој во повикот вели  дека нема од што да бегаат, туку со тоа им даваат можност на луѓето отворено да бираат.

Венко Филипче се држи до осумте заднички претставувања на сите четворица пред членството, но веќе од вчера ја почна самостојната кампања.

– Во рамки на кампањата, централната изборна комисија во СДСМ има предвидено осум дебати во осумте плански региони каде сите кандидати ќе имаат презентација на програмите пред членовите. Според сегашниот план првата е закажана веќе во петок. Надвор од овие дебати не сметам дека се потребни други медиумски дебати. – вели Венко Филипче-кандидат за лидер на СДСМ.

На ист став е Бајдевски кој вели дека соочувањата  ќе бидат пред членството организирани од СДСМ. И истите треба да бидат организирани по плански региони.

– На состанок одржан со кандидатите и Централната изборна комисија се договори став дека нема потреба од јавна дебата не медиуми, туку дека нашите дебати ке бидат пред членството организирани од СДСМ. И истите треба да бидат организиранибпо плански региони. – вели Александар Бајдевски-кандидат за лидер на СДСМ.

И додека осум заеднички претставувања во исто толку општини низ Македонија, ќе имаат четворицата кандидати за претседател на СДСМ тие имаат и само 20 дена да ги убедат членовите на партијата да ги гласаат на партискиот избор што треба да се одржи на 30 јуни.