На 21.09.2026 година, во утринските часови, под раководство на јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, од страна на Министерството за внатрешни работи, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, започнато е спроведување на полициска акција насочена кон сузбивање на криминална група инволвирана во криумчарење на стоки и извршување на коруптивни кривични дела, информираат официјално од ресорното министерство.

Акцијата е насочена кон криминална група осомничена за криумчарење и нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи, како и за коруптивни кривични дела. Меѓу осомничените наводно има и лица вработени во Царинската управа.

Полициската акција се одвивала на подрачјето на Скопје – Чаир, Тетово и Гевгелија, насочена кон разбивање на криминална група осомничена за криумчарење и нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи, како и коруптивни кривични дела.

Првично и неофицијално 6 лица се уапсени, се трага по уште неколкумина, (меѓу нив има и лица вработени во Царинската Управа). Полицијата тресе на повеќе од 10 тина локации низ гореспонатитр градови.

Во Скопје и Тетово при претрес во правниот субјект пронајден е магацин со различни медицински лекови и машина за екстракција на масло.

Полицијата преку Одделот за сузбивање на организиран криминал при БЈБ – МВР постапува по сомненија за криумчарење, повреда на права од индустриска сопственост, давање и примање поткуп и перење пари.