Детски културен центар „Карпош“ и Град Скопје денеска на плоштад Македонија ќе организираат детска журка, априлијада „Скопје се смее“ за сите училишта, градинки, деца, тинејџери и граѓани на главниот град.

На априлијадата ќе има забава со маски, песни, игри, модерен балет и останати секции на ДКЦ „Карпош“, Златно славејче, танцови групи од основните училишта, а учество ќе земат и децата со даунов синдром од Трисомија21.

На забавата ќе учествуваат: Мина Блажев, Елита Зибери и Лина Пејовска, музички уметници Александар Митевски, Арбен Бени Шаќири, музичкото училиште „Music House“ и ди-џеј Ампов.

Денот на шегата ќе го одбележи и Општина Бутел со одржување на ревија на маски за ученици од сите седум основни општински училишта.