Бројот на загинатите во денешниот напад во училиште во рускиот град Ижевск се искачи на девет, меѓу кои пет деца, соопштија руските власти.
Мотивот на напаѓачот кој си го одзел животот, не е познат. Нападот се случил во главниот град на Удмуртија, регион кој се наоѓа на околу илјада километри источно од Москва.
Локалните власти соопштија дека меѓу загинатите има пет деца, двајца учители и двајца припадници на обезбедувањето, а дваесетина лица се повредени.
Русија имаше неколку престрелки во училиштата во последниве години.
Во мај 2021 година, вооружен тинејџер уби седум деца и двајца возрасни во Казан, оддалечен 280 километри.
Во април оваа година, вооружен маж уби две деца и наставник во градинка во централниот регион Уљановск, исто така во близина на Казан и Ижевск, по што се самоуби.