Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала ја истакна важноста на победата (3:0) синоќа над Малме во натпреварот од 1. коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

– Важно беше да се победи Малме. Ја започнавме сезоната во Серија А неуспешно, но мора да продолжиме да работиме. Оваа победа ќе ни даде доверба во нашите способности, згора на тоа, не примивме гол. Ни претстои тежок натпревар со Милан, но ние сме Јувентус, секогаш излегуваме на терен за да победиме, истакна Дибала за официјалната веб -страница на УЕФА.

На претходните средби, Јувентус претрпе два пораза по ред во италијанското првенство, од Емполи (0:1) и Наполи (1:2). Тимот е рангиран на 16. место во поредокот во Серија А со само еден освоен бод.