Пропагандата која ја ставивте во погон со употреба на новото име и она мизерно видео на Тијана Дапчевиќ, на кои гордо вели VOTE FOR NORTH MACEDONIA предизвика револт кај граѓаните во татковината, но и надвор од неа, се вели во одговорот на македонската дијаспора на обвинувањата дека не гласала за Тамара Тодевска на Евровизија.

– Би сакале да се обратиме до сите оние кои ја нападнаа дијаспората дека Тамара Тодевска не победила поради нас. Да не забораваме дека години наназад фестивалот Евровизија веќе не е она што беше на почетокот. За жал одредени политики се вмешаа и тука каде што најмалку треба да се присутни.

Не станува збор дали некој сакал да гласа или не , дали сакале луѓето од дијаспората да потрошат 10€ евра. Се работи за контиунитет во ставовите на Македонците од зад границите кои праќаат јасни сигнали, се вели во реакцијата.

Пропагандата, се додава натаму, која ја ставивте во погон со употреба на новото име и она мизерно видео предизвика револт, а всушност и во телефонското гласањето се покажа вистинскиот став на Европа која ја отфрли песната на Тамара.

– И тука нема ништо спорно. За вкусови не се дискутира. Но лудилото од типот на Снежана Лупевска Созен и директорот на зоолошка Ѓорги Галетановски се врв на хипокризија. Снежана е репрезент на медиумите и слободното граѓанство, другиов претставник на извршната власт. Драга Снежана ДИК може да те избрише тебе, а можеш и сама ако се откажеш од македонското државјанство и биди си PROUD дома колку сакаш. Нас кои имаме македонско државјанство и секојдневно се трудиме да ја претставиме Македонија во најдобро светло нема право никој истото да ни го одздме, а уште помалку поради гласање или негласање на еден фестивал кој одамна го има изгубено рејтингот. Жално и срамно од ваша страна. За директоров, па е сувишно да му се замерува поради неговиот интелектуален капацитет. Би сакале само да го прашаме министерот г- дин Едмонд Адеми дали ова е став на Владата? Дали е ова онаа дијаспора за која се залагате вие како министер преку одземање на правото на гласање и пасошите на Македонците? Дали следи уништување на истата? Очекуваме реакција од ваша страна како министер за дијаспора и јавно извинување од Лупевска и Гајетановски за навредите кон граѓаните од дијаспората. Инаку Тамара Тодевска имаше прекрасна изведба и одлично ја изведе улогата за која беше платена со наши пари, се вели во реакцијата на дијаспората објавена на Фејсбук страницата Македонска заедница во Малта.