Државната изборна комисија (ДИК) денеска на избирачко место во средното училиште „Јосип Броз Тито“ ќе спроведе симулација на безбедно гласање со примена на сите мерки и здравствени препораки. Во симулацијата, која се одржува во пресрет на предвремените парламентарни избори на 15 јули, ќе биде опфатен целиот избирачки процес во реални услови.
-Почнувајќи од доаѓањето на граѓаните на избирачкото место, чекањето, влегувањето, дезинфекцијата, идентификација, се што е по закон, со посебно напоменување на сите здравствени мерки кои треба да ги почитуваат граѓаните, но и самите изборни органи и домашните и странскирте набљудувачи, најави вчра на седница Борис Кондарко, член на ДИК.
На настанот се поканети медиумите, домашни и странски меѓународни мисии, меѓу кои и мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, претставниции на Министерството за здравство, како и претставници на амбасадите. Поканети се и учесниците на изборите односно политичките партии.