Државната изборна комисија на денешната седница усвои упатство за достава на податоци од избирачките одбори до Комисијата со цел да се зголеми ефикасноста и транспарентностаи и брзината на објавувањето на резултатите.

-На ваков начин по електронски пат ќе имаме директно резултати од избирачките места од претседателите на Избирачките одбори. Подоцна  по електронски пат во вид на првични неофицијални ќе ги добиваме по пополнувањето на записниците од избирачките места од страна на Општинските изборни комисии, рече членот на Комисијата Борис Кондарко.

За прв пат, додава тој, ДИК  воведува нова постапка покрај постојните превидени во законот, а кои ќе бидат, исто така, спроведени и испочитувани, која ќе придонесе за зголемена контрола и споредба  на првичните неофицијални резултати кои Комисијата ги добива по електронски пат, а ги објавува сукцесивно.

– Тоа ќе бидат резултати од записникот 16 од избирачките места по составувањето и потпишувањето на истиот записник. Резултатие и од ИМ и од ОИК се јавни и по пополнувањето и потпишуавањето од страна на изборните органи ги добиваат и самите претставници на подносителите на листи на кандидати, т.н. партиски контролори. Изборните органи треба да ги истакнат овие резултати и на самите избирачки места, додаде Кондарко.

Претседателот на Комисијата Оливер Дерковски рече дека станува збор за новина на овие претседателски избори за побрзо објавување на резултатите на денот на изборите преку користење одредени соверемени технолошки апликации.

-Тоа ќе им биде поделено на операторите кои ќе работат, но и на претседателите и членовивите на изборачките одбори кои ќе треба да ја извршат операцијата да да ја знаат процедурата по која ќе мора да се движат и да работат на денот на изборите со цел да се избегне било каква манипулација од било кој вклучен во операцијата. Согласно упатството секој ќе си добие своја задача и ќе мора да ја заврши, рече Дерковски.

За набљудување на изборниот процес на претседателските и предвремените локални избори во три општини до ДИК досега се пријавиле и добиле акедитации 3.815 лица. Од нив 3.094 се домашни набљудувачи, 423 странски, 285 се преведувачи, и 13 странски новинари.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски на денешната седница рече дека бројката се уште не е конечна и оти доколку има дополнителни барања тие ќе бидат разгледани и одобрени.

Државната изборна комисија на денешната седница го усвои и Упатството за ракување со изборниот материјал, за општинските изборни комисии и избирачките одбори, како и Прирачникот за пополнување на обрасците за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето.