Владата ќе продолжи со спроведување политики што создаваат создаваат стабилна, предвидлива и транспарентна деловна средина, во која инвеститорите ќе можат долгорочно да планираат и да се развиваат. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска пред Британската бизнис асоцијација која денеска одбележуваше три години остоење и делување во земјава.
Таа потенцира дека Обединетото Кралство е еден од најзначајните економски партнери на Македонија и дека тоа го потвдуваат и податоците на надворешно-трговската размена, односно остварениот увоз и извоз, како и приливот на инвестиции од Обединетото Кралство.
„Британските инвестиции имаат посебно значење затоа што тие не значат само финансиски капитал. Тие носат нови технологии, повисоки стандарди во работењето, развој на човечки капитал, отворање квалитетни работни места и создавање нова вредност во економијата“, потенцира министерката.
Посочи на потпишувањето на Стратешкото партнерство помеѓу ОК и РС Македонија наведувајќи дека тоа е значаен приоднес кон издигнување на соработката помеѓу двете земји на едно ново, повиоко ниво и сиггнал за долгорочна посветеност на ОК кон натамошно продлабочување на политичките, економските и трговските односи помеѓу двете земји.
Таа изрази уверување дека во годините што следат ќе има посилна трговска соработка, поголем прилив на инвестиции и нови заеднички проекти коишто ќе донесат конкретни придобивки за нашите граѓани и за нашите економии.
Британската бизнис асоцијација е основана во 2023 година и делува на унапредување на трговските врски со Обединетото Кралство, застапување на интересите на британските компании во земјава и останати компании коишто имаат британски бизнис интереси.




