Денес во Њујорк, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска учествувам на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, во рамки на Sustainable Development Impact Meetings 2026, организирани од Светскиот економски форум.
-Ќе разговараме за предизвиците и можностите за економски раст во новите глобални услови, со фокус на инвестициите, енергетската сигурност, одржливоста и конкурентноста. Важно е Македонија да биде дел од глобалниот дијалог за политиките што ќе го обликуваат економскиот раст во годините што следуваат, истакна министерката.




