Срамни и понижувачки се ваквите шовинистички изјави на Красимир Каракачанов. Доколку премиерот на Република Бугарија г-дин Борисов не се огради од ваквите навредливи изјави на неговиот вицепремиер Каракачанов потребно е да се стопираат разговорите и преговорите во врска со едностраниот спор, вели градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

– Да се изгради сеопшт национален консензус во Македонија по прашањето и да се продолжи понатаму со разумни луѓе од другата страна кои што нема да провоцираат и собираат евтини политички поени туку ќе бараат решение. Ваквата изјава е навреда не само за премиерот туку и за целиот македонски народ и сите наши граѓани. Очекувам дека и колевката на демократијата и човековите права и слободи Европската Унија и официјално ќе ги осуди ваквите навредливи изјави од страна на бугарските официјални лица.Министерството за надворешни работи веднаш треба да го повика бугарскиот амбасадор и да му врачи остра протесна нота, вели Димитриевски во својата објава на Фејсбук.

Каракачанов во изјава за бугарски медиуми го нарече Заев „Бугарин на кој мозокот му работи бавно“.