Благодарам Блед, време е за дома, порача вечерва министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој учествуваше на форумот во Словенија и изрази оптимизам дека после десет препораки, Македонија конечно ќе добие датум за преговори со ЕУ.
– После десет, повторувам десет препораки на Европската комисија дека сме подготвени да почнеме преговори за членство, со решение на нерешливото прашање, поради кое изгубивме цела генерација, постигнувајќи европски компромис, ЕУ треба конечно да донесе позитивна одлука. Благодарам Блед, време е за дома, објави Димитров на Фејсбук.