Со мојот пријател Ѓонул бевме во Стара скопска чаршија, на муабет со дуќанџиите и занаетчиите. Дедо ми како млад имал дуќан во овој прекрасен автентичен дел од крајот, а го викале Чаушот, објави министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
– Застанавме и до Ригара, по вкусниот надалеку прочуен падобранец. Чаршијата бара повеќе безбедност, ред и осветлување, промоција и поддршка во ова време невреме со вирусот, објави Димитров на Фејсбук.
Димитров јуниор нема дуќан во Стара чаршија, како дедо му, но во важен историски период има функција која влијае на иднината на Македонија. Што ќе кажат неговите внуци (како го викале дедо Никола Димитров), по неговото потпишување на договорот со Грција, со кој е сменето уставното име на Република Македонија!?
(Д.Г.)