Целиот демократски свет за Договорот од Преспа, во еден глас, извика триумф на дипломатијата, вели бившиот министер за надворешни работи и бивш вицепремиер за европски интеграции, Никола Димитров, реплицирајќи на ставовите на академик Љупчо Коцарев.
Бившиот министер Димитров, кој го потпиша договорот со Грција за смена на уставното име на Република Македонија остро го напаѓа актуелниот претседател на МАНУ, Коцарев.
– Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија биле извор на нестабилност и разнебитување. Има само едно прашање како одговор на овие небулози – каде овој став го сместува Коцарев, кога целиот демократски свет за Преспанскиот договор во еден глас извика „триумф на дипломатијата“? Од Гутереш, сите европски лидери, Вашингтон, до Папата неодамна, вели Димитров за Дојче веле.
Натаму Димитров додава:
– Се ослободивме од референцата БЈРМ, ја комплетиравме нашата државност и лична карта во ОН, со македонски јазик, влеговме во НАТО ставајќи точка на какви било сомнежи за иднината на нашите граници во, како што гледаме страшно нестабилни геополитички времиња, отворивме нови односи со Грција, добивме политичка одлука за почеток на пристапни преговори со ЕУ. И да, додадовме придавка Северна кон името Македонија, бидејќи тоа е факт – нашата територија е помала од регионот Македонија. Но, јазикот како македонски и ние како Македонци сме факт, црно на бело напишан во самиот документ, вели Димитров.
Тој се осврнува и на преговорите со Бугарија:
– Бугарија со ветото и со дел од своите барања го крши Договорот за пријателство, од обврската да ни помага на патот кон ЕУ, преку обврската да не ни се меша во внатрешните работи, како за македонскиот јазик, па со уцената како притисок во работата на комисијата за историски прашања, до барањето за пасивност во Советот на Европа, спротивно на претходно преземените меѓународни обврски експлицитно споменати во членот 14, што говори? Па токму дека Договорот не им се допаѓа таков каков што е. Сакаат подобар договор за нив, односно полош договор за нас. Можно ли e еден академик ова да не го разбира?, прашува Димитров.
Академик Коцарев завчера во МАНУ, во пошироката елаборација на проблемите со кои последниве години се соочува(ше) Македонија, рече дека секоја држава која се гради врз темел од нелегални документи осудена е на пропаст, алудирајќи на договорите со соседите и менувањето на уставното име на Република Македонија, без да се почитува волјата на Македонците и граѓаните на Македонија.
Опширно текстот за академик Љупчо Коцарев, што го објавивме: