Бившиот вицепремиер за евроинтеграции и министер за надворешни работи Никола Димитров, кој беше еден од креаторите на надворешната политика на Македонија во времето на Заев, сега е активен на социјалните мрежи и медиумите.

– Со француската пратеничка Танги, на конференција за европската интеграција на Балканот во новиот геополитички контекст во францускиот Сенат, објави денеска Димитров на неговиот профил на Фејсбук.

Тој додека беше во власта, во времето кога се менуваше името на Република Македонија, говореше афирмативно за македонкста надворешна политика, но сега честопати во гостувањата има ксериозни забелешки за актуелната власт на истата тема.