Тешкото почнува на рамно, цитира една германска поговорка министерот за евроинтеграции, Никола Димитров во својата објава за денешната средба со германската амбасадорка Анке Гизеле Холштајн.
– Прва работна средба во СЕП, со амбасадорката на Германија, Анке Гизеле Холштајн. Ја реафирмиравме заедничката цел – одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ за време на германското претседателство. Германската поговорка вели Die Mühen der Ebene или – тешкото почнува на рамно. Се искачивме, ама пред нас има поле со суштинска работа. Благодарам драга Анке за поддршката и за конструктивните совети!- објави Димитров на неговиот официјален профил на Фејсбук.