Вицепремерот Никола Димитров се врати, навистина се врати на Фејсбук.
Тој денеска го објави неговото враќање на работа и на социјалните мрежи:
-Враќајќи се постепено на работа, мислам дека е време да се вратам и тука. Голема поддршка од грчка страна конечно да почнеме преговори со ЕУ. Како соседи, имаат јасен интерес европската иднина на Балканот да не остане празно ветување. Зборувавме и за Преспанскиот договор. Тој беше резултат на лидерство и одговорност, токму тоа што е потребно и за неговата имплементација од двете страни. Силна поддршка и од Данска, земја која е посебно стриктна во однос на исполнувањето на копенхашките критериуми. Токму затоа, нивната гласна поддршка е многу значајна. Со МНР Кофод имавме многу отворен разговор, за предизвиците во регионот, но и за внатрешните предизвици на Унијата, објави Димитров на Фејсбук.
По објавата на вицепремерот за евроинтеграции, на јавноста и е појасно и полесно: Македонија нема датум од ЕУ, но барем Димитров имал отворен разговор и негови пофалби за неговиот Договор од Нивици.