СДСМ е киднапирана партија, во Битола кандидат за градоначалник е бизнис партнер на Вице, а во Куманово братучед на Оливер Спасовски, се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, кое го објавуваме во целост:

Кандидати на СДСМ за градоначалници покрај старите и истрошени кадри се и лица бизнис партнери на Заеви и братучеди на раководството на СДСМ. Секој кој ќе им се спротивстави го исклучуваат од партија, и тонат се подлабоко.

Христо Кондовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Битола е лице кое на сите анкети имало најслаб рејтинг, тоа што е избран говори дека во СДСМ кој повеќе даде тој добива повеќе.

Ако Струмица е на Вицевци, тогаш Битола е на Кондовски Стентонот, а од Битола СДСМ сака да прави Стентонград.

Не по рејтинг, туку по крвно сродство е избран кандидатот за градоначалник на СДСМ за Куманово, Оливер Илиевски, кој е братучед на Оливер Спасовски.

За да биде поставен Илиевски, СДСМ го ишиканира нивниот долгогодишен член и активист Максим Димитриевски, кој за неколку различни ставови е исфрлен од СДСМ. Толку од демократскиот капацитет на Заев. Толку од дебатата е здрава. Ова е грдото и авторитарно лице на Заев, и во сопствената партија ги шиканира сите кои не мислат како него.

Ваквите чекори на Заев се само слика дека тој тоне. СДСМ заглавува во бизнис роднинските врски, и нема место за нормални граѓани. СДСМ губи. Време е за промени.

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ