СДСМ со самото доаѓање на власт постојано покажува и докажува дека вистински се грижи за здравствените работници, се истакнува во денешното соопштение од СДСМ.

Истото го објавуваме онака како што е лиферувано од централата на владејачкиот СДСМ од Бихаќска:

Како одговорна партија останавме доследни на своите ветувања да го вратиме достоинството на здравствените работници.

За четири години, со континуирано покачување ја зголемивме основната плата на лекарите специјалисти за 40 отсто, на медицинските сестри помеѓу 20 и 23 проценти. На општите лекари за 25 отсто, а на здравствените работници за 15 отсто.

Очигледна е разликата помеѓу одговорниот однос на СДСМ кон здравството и неодговорното и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека сите се насочени во борбата против коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе останат запаметени дека наместо на страната на јавното здравје, беа на страната на вирусот.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски поддржуваше протести на кои здравствените работници беа наречени ,,убијци”.

Токму поради ваквото нечесно, несериозно однесување кое претставува опасност по јавното здравје, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе бидат казнети од граѓаните на 17 октомври.

Центар за односи со јавноста на СДСМ