Пратеникот Илија Димовски денеска и твитна на министерката за правда Рената Десковска, која „се мачи“ да биде што поскоро донесен новиот закон за јавно обвинителство.
– Додека Дескоска се мачи да обезбеди ЈО што ќе гарантира амнестија за Рекет, ЈО пушта информации дека, демек, парите се трошеле само за луксузите на Коки и парфемите на Катица. А власта речиси и поим да немала…, напиша Димовски на Твитер.