Во земјава има три противпожарни авиони „ер трактор“ и само двајца активни пилоти, изјави вчера премиерот Зоран Заев, кој беше во посета на  просторот околу велешкото езеро Младост кој беше зафатен од голем пожар.

Од Владата на Заев воочиле дека Дирекцијата за заштита и спасување мора навремено да се екипира, зашто „режимот на Груевски“ им оставил три противпожарни авиони „ер трактор“, а сега имаат само двајца активни пилоти, кои физички не можат да стигнат да реагираат секаде низ земјава кога има пожари.

– Во Буџетот има предвидено 12 милиони денари за доедукација на пилоти, оти ги нема. Мислам дека ќе одат во Хрватска на дообразование за да може да се доекипираат. Пилотите имаат право на одмор после одреден број часови лет. Таков беше и случајот во Велес и затоа повеќе вода истурија воените хеликоптери отколку „ер тракторите“, кажа Заев.