Зоран Заев на најподмолен начин посакува и создава насилство во државата. Тој капитулацијата која што ја потпиша сака да ја покрие со сценарио во кое ќе вовлече недолжни граѓани во насилство и потоа ќе ги обвини дека ја рушат државата. Всушност Зоран Заев посакува нов 27-ми април за да може подоцнa себе си да се прогласи прво за жртва, па потоа за наводен спасител и за тоа на крај да го обвини ВМРО-ДПМНЕ. Тој посакува сите кои што се противат на неговото капитулантско дело, огромното мнозинство, чесни граѓани да ги означи за радикални елементи, екстремисти и насилници, иако овие луѓе тоа не се. Преку насилство сака да се задржи на власт, истакна Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Настаните вчера пред Собранието на Република Македонија беа дел од свесно и смислено сценарио исклучиво на власта. Зад таквото дело не стои друг туку самата власта. Власта свесно предизвика нереди, инциденти и потоа уште еднаш ја злоупотреби македонската полиција. Колатерална штета се недолжни граѓани, возрасни луѓе, новинари, жени, за жал и мали деца. Повторно видовме слики и бевме сведоци како власта удира по својот сопствен народ. Целта е граѓаните да се дисциплинираат, исплашат и дистанцираат. Зоран Заев да се прикаже за конструктивен фактор, додека сите други кои се противат на неговото капитулантско дело, за радикален елемент и на тој начин да бидат деградираат, рече Димовски и додаде:
„Власта всушност највеќе посакува насилство, кое инаку не смее да се случи. Сакаат на тој начин да ги компромитираат сите демократски методи и мерки, вклучително и правото на мирен протест кој секој еден од нас го има, вклучително и во иднина тоа да не се практикува. Сакаат граѓаните да ги доведат во една нова апатија, додека тие продолжуваат со понатамошното опустошувањето на државата. Ова е патот на власта да ги компромитира мирните и демократски методи. И тоа вчера беше мал дел од тоа на што се е спремна власта да прави. ВМРО-ДПМНЕ сакаат свесно да ја вовлечат во ова сценарио, за да потоа ја оцрнат и прикажат за радикален елемент, за да може пред меѓународната и домашна јавност да ја деградираат во борбата против капитулантското дело за промена на уставното името на Република Македонија од страна на Зоран Заев“.
Сосема е јасно, вели тој, што сака да направи Зоран Заев. Сака да испровоцира насилство за да нема демократски пркос и спротивставување на она што тој го прави, а што е карактеристика на чесниот македонски граѓанин.
-ВМРО-ДПМНЕ нема да пoтпадне на ваковото сценарио. ВМРО-ДПМНЕ порачува дека власта е одамна прочитана. Ова нема да помине. Нема да ви помине планот за дестабилизација ниту на тебе Зоран Заев, ниту крвавите сценарија на власта која што ја предводиш. Апелираме народот да не потпаѓа на провокациите кои ги прават инсталациите на власта и да не бидат злоупотребувани во нивните дневно политички цели. Вие по којзнае кој пат покажавте големина, народот е обединет и многу повеќе свесен за она што се случува. Всушност маката заедничка сите нас не обединува. Сите слободоумни граѓани не треба да се плашат да го изразат своето мислење на демократски начин. На Македонија и е потребна мудрост каква што одсекогаш нашиот народ ја имал. И е потребно да се слушне вашиот глас погласно од било кога досега.
Димовски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ останува со народот.
-ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на борбата против картелот на власт и оваа капитулантска и неспособна влада. Зоран Заев ќе падне, а Македонија ќе победи. И ќе ве потсетам уште еднаш дека брзо ќе дојде времето кога секој еден од тие што сте се огрешиле кон државата и кон народот за велепредавството и за се она друго што го правите спротивно на интересите на државата и на народот, ќе одговарате и пред институциите и пред народот.