Црниците се соочени со „секојдневна“ дискриминација во Европската унија, пишува во извештајот на Агенцијата на ЕУ за темелни права објавена денеска.
Лицата со африканско потекло живеат во полоши станови и потешко добиваат работа, а на улица ги навредуваат на расна основа и полицијата почесто ги запира, се нагласува во извештајот.
Посебно на работа и на пазарите не трудот младите црнци мажи се дискриминирани. Во некои европски држави до 76 отсто од нив не работат, не се школуваат или не се оспособуваат за работа.
Околу 45 отст оцрнци во ЕУ живеат во мали пренатурпани станови наспроти 17 отсто од вкупнот насление, додека само 15 отсто поседуваат стан или куќа наспроти 70 отсто од вкупната популација.
Агенцијата ги повика членките на Унијата да поднесат извештаи за полициски постапки. Извештајот се однесува за 12 држави членки на ЕУ.