На булевар „Партизански одреди“ во Скопје вечерва во 18:35 часот е пукано од едно возило кон друго, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму наведоа дека досега нема пријавени повредени лица, а нема ниту траги од крв на местото.

Засега нема повеќе информации за случајот, а од МВР само ја додаваат стандардната фраза дека полициски службеници работат на расчистување на случајот.