Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба ги повика шефовите на дипломатиите на Шведска Ан Линде, на Полска Збигњев Рау и на Северна Македонија Бујар Османи итно да ја посетат Украина за утврдување на фактите во рамките на механизмот за рано предупредување на ОБСЕ.

-Ја поканувам тројката на ОБСЕ, Ан Линде, Збигњев Рау и Бујар Османи, да оствари итна посета на Украина за утврдување на фактите во рамките на механизмот за рано предупредување, активиран од страна на генералниот секретар на ОБСЕ Хелга Шмид, минатата недела, напиша Дмитро Кулеба на Твитер.

Тројката на ОБСЕ ја сочинуваат актуелниот претседавач (Полска – 2022), претходниот (Шведска – 2021) и идниот (Северна Македонија – 2023).