За првпат откако се прават пописи во Македонија од Државниот завод за статистика се испраќаат дневни извештаи за тоа како се одвива пописот и колку грашани се попишани во претходниот ден.

ДЗС денеска објави дека до вчера до 20 часот биле попишани вкупно 1.383.434 лица, 431.573 домаќинства и 595.754 станови.

Денеска е 20-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште шест дена пописни активности.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 195.477 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.