Д-р Гордана НИКОЛИЌ

Имам и решение. црно на бело дека не можам да пијам кафе со сите, на кои сум им ветила, до 2 последователни негативни теста!

И да се вратиме на визитата, вчера малку се смрзнав, “не знам каде” , па не можев да се стоплам цел ден. Поткашлувам се уште лесно, како настинка да е, инаку јас и имам реактивни дишни патишта, чувствителни бели дробови, народски кажано. Апетитот некаде сум го изгубила, среќа имам резерва. Немам температура утрово, иако испотена се разбудив.

И знаете зошто го пишувам сето ова? Затоа што јас меѓу првите настрадав од медицинскиот персонал. Верувам допрва ќе има заболени, а и други луѓе кои не се во врска со болниците, за да не се плашат, дека еве може и со лесна клиничка слика да поминат. Иако некако ја почувствував поговорката “сто стапа по туѓ грб не болат.”

Така што и да немаш никакви симптоми, стравот е доминантно чувство. И да… ќе барам денеска да гледам некој филм со оние од лепра, колера заболени… зашто чувствувам дека така не доживуваат нас позитивните, за жал и оние кои биле во контакт со нас. Не сум виновна јас, не се виновни оние кои биле во контакт со мене., не бев на шетање осмомартовско, туку на должност, како анестезиолог. И повторно не можам да се јавувавам на сите по телефон, засипнувам од зборување.

Бидете ми здрави и СЕДЕТЕ ДОМА  излегувајте само со добра причина.

П.С….среќа имам другари и другарка кои ми закажаа пиење кафе секоја вечер заедничко, преку месинџер вклучени сите. Како да сме заедно, а секој по дома.