Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Попладне, претежно во планинските подрачја ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. UV=8

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Од средината на седмицата нашето подрачје ќе потпадне под влијание на нов топол бран и времето ќе биде стабилно и многу топло.