Времето до понеделник ќе биде претежно сончево и многу топло, со мала до умерена облачност, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Особено високи температури се очекуваат утре и во текот на викендот, кога максималната дневна температура насекаде во земјава ќе надмине 31 Целзиусов степен.

Од вторник се очекува промена на временските услови. Според прогнозата, времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Фото: архива