Во последните 24 часа нема ниту еден нозозаразен пациент во едно од жариштата на коронавирусот во Македонија.

Имено, според последните податоци од македонското Министерство за здравство може да се види дека за првпат во Дебар, прва општина во која е прогласена кризна состојба, нема регистриран нов заразен од коронавирус.

Според Министерството за здравство во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во Македонија од кои најмногу 12 се во Скопје, во Куманово 8, во Прилеп 9 и едно лице во Крива Паланка.