Дани Карвахал ќе биде подготвен за Светското првенство во Русија.

Фудбалерот на Реал Мадрид Дани Карвахал го напушти финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул во 37 минута поради повреда, но истата не е сериозна.

На општо задоволство на селекторот Лопетеги, Карвахал го очекува пауза, но не долга, па ќе биде подготвен за Светското првенство во Русија.

Десниот бек на Реал ја повреди задната ложа и според проценките на лекарите на шпанската репрезентација, фудбалерот надвор од теренот ќе биде две до три недели.

Шпанските медиуми пренесуваат дека фудбалерот во најлош случај може да го пропушти само првиот натпревар од Мундијалот против Португалија на 15 јуни, додека ќе биде подготвен за дуелите со Иран и Мароко на 20 и 25 јуни.