Советот на Европската Унија го одобри третиот пакет помош за Албанија во рамките на „Европскиот мировен фонд“, (European Peace Facility) во вредност од 21 милион евра, со што вкупната поддршка достигна 49 милиони евра.
Веста ја објави министерот за одбрана Ермал Нуфи, кој информираше дека пакетот вклучува лесни оклопни возила, тактички и инженерски возила, како и обука и оперативна поддршка за албанските вооружени сили.
„Добри вести од ЕУ! Уште една важна поддршка за вооружените сили на Албанија“, напиша Нуфи.
Додава дека ова е конкретна процена на сериозноста, сигурноста и активната улога на Албанија заедно со европските сојузници и партнери во безбедноста и одбраната.
“Овој чекор на ЕУ ја потврдува посветеноста на Албанија кон европската безбедносна архитектура и го зголемува нејзиниот кредибилитет како стабилен партнер во колективната одбрана, нагласува тој.
Одлуката ја коментирала и Каја Калас, високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика.
„Албанија е близок и сигурен партнер во надворешната и безбедносната политика, активен придонесувач во операциите на ЕУ и посветен сојузник во НАТО. Зајакнувањето на нашата безбедносна и одбранбена соработка со Албанија директно ја зајакнува стабилноста, безбедноста и мирот во Европа“, оценила Калас, објавија медиумите.




