Германија го подигна своето безбедносно ниво од досегашното „општо ниво на закана“ на „висок степен на закана“ поради зголемениот број безбедносни извештаи и разузнавачки наоди, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт.
„Ова значи дека на ризик од напад мора да се смета во секое време во Германија“, рече Добринт во интервју за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“.
Тој наведе дека плановите за напади врз Германија се „јасно препознатливи“, истакнувајќи дека заканите вклучуваат критична инфраструктура, поединци и институции.




