Овие денови кога горивата во сиромашна Македонија достигнаа астрономска цена, највисока во историјата, а во богатата Германија се со намалени цени откако власта се откажа од голем дел од данокот на енергија.
Така, бензините во Германија поевтинија за 35 центи, а дизелот за 17 центи. Оваа мерка ќе трае до 1 септември, периодот кога Германците најмногу патуваат.
Сега во Германија бензинот чини во просек 2,01 евро, а дизелот 1,99 евра за литар. Тоа на прв поглед е поскапо отколку во Македонија, но треба да се има предвид дека платите, како и просечната со која нашата власт сака многу да се фали, се далеку повисоки.