Москва и Њу Делхи потпишаа договор за испорака на руски противвоздушен ракетен систем С-400.

Информацијата беше потврдена од страна на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Запрашан дали за време на посетата на Владимир Путин во Индија е потпишан документ за испорака на С-400 од Русија, тој одговори: „Да. На маргините на посетата е потпишан документ”.

Помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков претходно изјави дека како резултат на договорот „Индија ќе добие модерен систем ПВО, што ги надминува по карактеристики сличните системи од други земји