Во Атина постигнат е договор со кој ќе се прекине статусот на свештениците и бискупите како државни службеници. На тој начин, Грција е се поблису до раздвојување на црквата и државата.

Околу 10.000 вработени во црквата ќе бидат „избришани“ од платниот список на државата, иако нивните плати и понатаму ќе бидат исплаќани како државна субвенција.

Православната црква има значителна улога во јавниот живот во Грција. Дел од свештениците и политичари го критикуваа договорот меѓу премиерот Алексис Ципрас и надбискупот Еронимус.

Државата и понатаму ќе исплаќа плати за свештениците, но не како за државни службеници.

Грција се обидува да го намали јавниот сектор по неколку години меѓународна помош. Во 2015 година, 18 отсто од работната сила во земјата беше на платниот список на државата.

Свештениците плати ќе добиваат од годишни субвенции од околу 200 милиони евра и тој фонд нема да биде погоден ако Црквата зголеми или намали број на свештеници. За возврат, Црквата нема да се спротиставува на потези што треба да доведат до религиска неутралност на државата. Црквата нема да бара и имот одземен од државата. Овој имотен спор датира од 1952 година и двете страни се согласија за заеднички фонд за управување и развој на заеднички локации. Приходите и сметките ќе бидат поделени 50-50.