Поранешниот сопственик на Агрокор Ивица Тодориќ синоќа по слетување со авион на загрепскиот аеродром е спроведен во истражен затвор.

Тодориќ (67) синоќа беше екстрадиран во Хрватска, една година откако беше уапсен во Лондон каде побегна по почетокот на аферата Агрокор.

Истрагата против него е поради сомневање дека својата поранешна фирма ја оштетил за повеќе од милилјарда куни. Тодориќ во Лондон замина тврдејќи дека политички го прогонуваат хрватските власти.