Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Москва посредувала во преговорите за прекин на огнот помеѓу Азербејџан и Ерменија.

Се надеваме дека договорот постигнат по руското посредување за прекин на огнот од девет часот по московско време ќе биде целосно испочитуван, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Исто така се посочува дека Русија е исклучително загрижена поради влошувањето на ситуацијата на ерменско-азербејџанската граница и ги повика страните да се воздржат од каква било ескалација.