Уште вечерва сите винарии треба да ги корегираат и да ги објават цените од 12 денари за Вранецот и 10 денари за Смедеревката и без исклучок сите да се придржуваат до овие цени а разликата кај оние што предале под оваа цена да ја доплати државата.

Од утре да се отворат вратите на сите винарии и да се нормализира откупот и динамиката за да нема веќе застој. Ова е договорено на средбата помеѓу министерот за земјоделство и винариите што како ново настаната сосотојба за решавање на проблемите ќе го пренесе лично министерот на лозарите во петок за кога има закажано средба и со лозарите.