Се уште не стивнале реакциите од помпзното отворање на бугарскиот клуб Ванчо Михајлов во Битола, на социјалните мрежи се уште се објавуваат реации и документи за ликот и делото на патронот на клубот кој треба „пријателски да ги поврзе Бугарија и Македонија“.

Американски разузнавачки документи на ЦИА од 1945 година се појавија на социјалните мрежи во кои Иван – Ванчо Михајлов е опишан како потрчко на германските нацисти и една од нивните врски со профашистичка Бугарија.

Бугарскиот клуб и ликот на Ванчо Михајлов, кои треба да ни ги отворат патиштата кон ЕУ, преку Бугарија, не кореспондираат со вистината и не придонесуваат за тоа што Бугарија го бара од Македонија, да се бриши „фашисти и окупатори“ од спомениците и учебниците во Република Македонија.