Хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, изјави дека ќе стави вето на влезот на Финска во Алијансата на самитот на НАТО додека не се решат прашањата за Хрватите во Босна и Херцеговина.

На самитот на НАТО ќе ставам вето на поканата, доколку е на тоа ниво. Како ѓаволска грешна душа ќе го прогонувам секој пратеник кој ќе биде за – порача Милановиќ.

На одбележувањето на Денот на Вуковар, тој ја нарече хрватската влада „предавничка“.

Имаме предавничка влада, ги предава Хрватите во БиХ, а тие луѓе таму бараат многу малку, само основно, држава во која се почитуваат националните права – истакна Милановиќ.

Тој оцени дека се очекува во БиХ да се игнорира фактот дека има Хрвати, Срби и Бошњаци, за да можат Бошњаците да ги надгласаат Хрватите.