Во документ кој го објавува хрватски Индекс, а го објави МИА, а со кој германската Влада одговара на пратеничко прашање за барањата за азил на мигрантите во земјите од Балканот, нашата земја е имнувана како „Nord-mazedonien“.

Според тие податоци за барање азил на мигрантите во земјите од балканската рута, најмногу барања за азил биле поднесени во Црна Гора – 7.939, а најмалку во Србија – 173. Во „Nord-mazedonien“, значи во „Северна-македонија“ лани побарале азил 440 лица, во Албанија 6.182, во Косово 1.852, БиХ – 782, во Хрватска 1986 и во Словенија 3.811.