Македонците од ОМО Илинден – Пирин на својот официјален профил на Фејсбук објавија документ од 1903-та година.

„1 февруари 1903 година: Непосредно пред убиството на Гоце Делчев (4 мај 1903), Царска Бугарија тргнува во административна и воено-полициска ликвидација на македонското ослободително движење, пишува во документот што го објавува ОМО Илинден – Пирин.

Поводот да биде објавен ваков документ е актуелното „хармонизирање“ на историјата на Македонија и на Бугарија преку заедничката комисија за историја и запишување на „националноста“ на повеќе личности од македонската историја, меѓу кои и на Гоце Делчев.

(Д.Г.)