Вртоглаво порасна јавниот и државниот долг на Македонија во последните пет години.

– За пет години владата на СДСМ го зголеми јавниот долг од 4.787 милијарди евра на 7.703 милијарди евра, а државниот долг за истиот период е зголемен од 3,958 милијарди евра на 6,581 милијарди евра, пишува во анализата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој го споредува периодот од 14 години во кој премиери беа Бранко Црвенковски, Хари Костов, Владо Бучковски и Никола Груевски, наспроти 5-те години во кои премиери се Зоран Заев и Димитар Ковачевски.

Во продолжение целата анализа на Мицкоски што ја објави на Фејсбук:

Во периодот од 1 јануари 2018 година до 31 декември 2022 година, за пет години владата на СДСМ го зголеми јавниот долг од 4,787 милијарди евра на 7,703 милијарди евра, или за 2,916 милијарди евра, а државниот долг за истиот период е зголемен од 3,958 милијарди евра на 6,581 милијарди евра, или за 2,623 милијарди евра.

Зголемувањето на јавниот и државниот долг во последните пет години е поголемо од зголемувањето на јавниот и државен долг за периодот од претходните четиринаесет години, од 1ви јануари 2003 година до 31ви декември 2016 година.

За пет години успеаа да го зголемат јавниот и државен долг повеќе отколку претходните влади за четиринаесет години.

Криминал и корупција. Тендери во четири очи. Пљачка и лаги. Потребни се избори за Македонија да почне да победува. Потребни се избори за крај на политичките криминалци и измамници.