Куче го нападнало и го усмртило својот 48-годишен газда во Софија, објави бугарската ТВ Нова, за трагедијата која се случила вчера попладне.

Попладнево неговите роднини го откриле телото и повикале екипа на Итната медицинска помош во софиската населба Христо Ботев.

Медицинските лица, кои пристигнале на местото на настанот, првично не можеле да дојдат до човекот поради кучето, но кога пристапиле, само ја констатирале смртта на мажот.

Соседите потврдуваат дека несреѓниот сопственик своето куче најчесто го чувал во дворот и тоа често правело проблеми. поради што тие се плашеле од миленикот.

Не е наведено за куче од која раса станува збор.