Денеска селекторот на кошаркарската репрезентација на Словенија објави список од 16 кошаркари на кои ќе смета за турнирот во Париз, а на списокот се најде и Дончиќ.

Иако, Дончиќ го чека финалето од НБА против Бостон, сепак ќе ги брани боите на својата држава.

Од друга страна, Јокиќ кој претходно доживеа елиминација се уште не соопштил дали ќе настапи за Србија.

Ќе потсетиме, минатата година кога Денвер играше финале во НБА лигата, Јокиќ со цел да има поголем одмор не настапи за Србија на Мундобаскетот.