Претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, добил доживотна забрана за влез во Македонија, ообјави тој за бугарскиот портал Лупа.

Стојано веќе имал забрана во траење од 15 месеци и кога му завршила се упатил кон Скопје, но бил вратен од граница со образложение дека забраната му е продолжена на неодредено време.

– Нема причина да не ми биде дозволен влез во земјата. Јас немам ни казна за непрописно паркирање таму, но непожелен сум. Во РСМ имам спроведено над 500 хуманитарни иницијативи, се обидов да му помогнам на Скопје побрзо да влезе во ЕУ, како и да ги зближам двата народа. Наместо благодарност, добив забрана. Ќе ја запознаам со ова Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) на Советот на Европа. На тој начин нештата нема да останат незабележани, изјави Стојанов.

Токму поради „омразата кон бугарскиот народ“, влезот на Македонија во ЕУ се одложува, а одлуката е донесена на Самитот на Берлинскиот процес во Тирана во понеделникот, тврди Стојанов и додава дека зелено светло добива само Албанија, за која во јануари следната година се отвора преговарачко поглавје.

– За изоставувањето на С. Македонија се виновни некои опозициски партии, како и претседателот Стево Пендаровски. Наместо да гради мостови меѓу двете земји, тој постојано ги уриваше, вели Стојанов.

Според него, Албанија целосно заслужува да го продолжи својот пат кон европската интеграција:

-Таа има многу добро законодавство за малцинските права. Во земјата живеат 100.000 Бугари, а во Тирана 12.000. Таму Бугари се советници на министри, Бугари се и директори на претпријатија. Фондацијата „Македонија“ е активна и во Албанија. Обезбедуваме учебници, прибор, таблети. Таму сме добредојдени и нè чекаат, тврди претседателот на бугарската фондација, Стојанов.