Поради кризата на Блискиот Исток, германскиот министер за одбрана Борис Писториус го одложи патувањето на Балканот што требаше да започне утре, јави ДПА.

Бидејќи не е јасно како ќе се развива ситуацијата во Израел и Газа, Писториус нема да замине на тридневното патување на Балканот, како што првично беше планирано, соопшти денеска Министерството за одбрана.

Германската војска распореди сили со цел да се подготви за евентуална воена евакуација на германски државјани од Блискиот исток.