Поранешниот албански премиер Сали Бериша доцна синоќа одржа итна прес-конференција во врска со изречените безбедносни мерки за него и апсењето на неговиот зет за ќерка Јамарбер Малтези.

Бериша рече дека обвинувањата против него и семејството се неосновани и оти тоа се ниски удари на премиерот Еди Рама за да се запре отпорот на опозицијата.

-Рама влезе во својата политичка агонија! Тој е шокиран до срж од неговите криминали, од аферите во кои нема правда на светот што го спасува, аферата Мекгонигал, аферата со печките за горење отпад, аферата со стерилизаторите, аферата со пристаништето Драч, аферата Бутринти, обвини тој, наведувајќи и незаконски добиени тендери од членови на семејството Рама.

Додаде дека за да се обвини Сали Бериша за „перење пари“ треба да се бидеш „без образ”, бидејќи неговиот имот е транспарентен.

-Обвинувањата се чисто политички. Сали Бериша е подготвен да направи се за својата кауза. Оваа битка е дел од мојата кауза. Рама покажа дека ја воспоставил диктатурата. Да се ​​обвини Сали Бериша за перење пари мора да си без образ. Тие што кажуваат такви работи немаат ни образ ни карактер. Во ова нешто им само една вистина а тоа е дека Мелтази ми е зет, додаде Бериша.

На новинарско прашање дали се плаши од затвор тој категоричен: Подготвен сум на се, ќе стојам со сета сила.

Во седиштето на Демократската партија пристигнаа голем број пратеници и сопартијци за да му изразат поддршка.

По наредба на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, Малтези беше уапсен синоќа на аеродромот во Тирана и според најавите денеска ќе се најде пред суд.

На Бериша одредена му е мерка „задолжително јавување” и одземена му е патната исправа.

Се товарат за пасивна корупција, перење пари и прикривање имот, поврзани со приватизацијата на поранешниот спортски клуб „Партизани“.