Украинските вооружени сили синоќа соопштија дека собориле руски воен транспортен авион „Иљушин Ил-76“, јави ДПА.

Во авионот имало руски падобранци, соопшти на Твитер началникот на Генералштабот на украинската војска, Валериј Залужни.

Залужни кажа дека местото на несреќата е кај градот Василкив, јужно од главниот град Киев. Меѓутоа, оваа информација не можеше да се потврди од независен извор.

Командата на украинските воздухопловни сили соопшти дека руската армија се обидува да исфрли падобранци во Василкив и дека во ова место се водат тешки борби, како впрочем и на повеќе други места низ Украина.